Идниот фудбалер на Барселона зборуваше за тоа како одлучил да потпише за славниот клуб.
Каталонскиот клуб од лето ќе има ново засилување. Станува збор за Артур Мело, сегашниот фудбалер на Гремио кој има 21 година и кој игра на позицијата последен играч за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Може да се случи и Барселона да го доведе во јануари 2019, но за тоа во Каталонија ќе одлучат во текот на летото.
„Среќен сум што преговорите се завршија добро за сите страни. Го прашав Нејмар за Барселона и ми кажа само убави работи. Кутињо исто така ми кажа дека е воодушевен од градот и дека се работи за неверојатен клуб“, изјави Артур.
Дали неговото пристигнување ќе значи и заминување на Андрес Иниеста?
„Читав за неговото потенцијално заминување во Кина, но јас би сакал да играм со него. Не можам да кажам што носи иднината“, заврши Артур.
Да потсетиме, претходно голем интерес за Артур покажуваше и големиот ривал на Барселона од шпанското првенство, Реал Мадрид.