Нејмар во 2017 година стана најскап фудбалер во историјата, кога ПСЖ за неговиот потпис плати 222 милиони евра, а му даде и плата од 37 милиони евра по сезона.
Нејмар одигра само 80 натпревари во дресот на ПСЖ во претходните три сезони, а во меѓувреме заработи богатство во Париз.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Статистичарите пресметаа дека Бразилецот по натпревар добива околу 1,4 милиони евра од ПСЖ, што е премногу во моментов. Нејмар вкупно заработи 111 милиони евра за три сезони.
Навивачите не можат да бидат воопшто задоволни затоа што ПСЖ освен лигата, не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампиони.
Притоа, Нејмар постојано искажува незадоволство и инсистира да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!