Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар вчера против Звезда изедначи рекорд на Роналдо од 2009 година

Нејмар вчера против Звезда изедначи рекорд на Роналдо од 2009 година

neymar

Во овој момент најскапиот фудбалер во светот, Нејмар вчера одигра фантастичен натпревар против српска Црвена Звезда во кој постигна хет-трик (6:1).

Како и што самиот изјави после натпреварот, Нејмар вчера го одигра најдобриот натпревар оваа сезона, а успеа да изедначи и достигнување на Кристиано Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Два од трите погодоци на Нејмар беа ремек дела од слободен удар и голманот на Звезда немаше апсолутно никакви шанси да ги одбрани. Со ваквиот учинок Бразилецот се изедначи со Роналдо кој во 2009 година беше последен фудбалер во Лигата на шампионите кој постигнал два гола од слободен удар на еден натпревар.

Со овој погодок Нејмар се доближи и до Рикардо Кака во трката за најефикасен Бразилец на европската сцена. Кака на своето конто има 30 погодоци, додека Нејмар е зад него со гол помалку и извесно е дека набрзо ќе избие на првата позиција.

https://www.youtube.com/watch?v=YpblMpCIk3w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Маскерано нов тренер на Меси

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Хавиер Маскерано е н…