Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нејмар: Бразил е најсилна репрезентација, мило ми е што сум предводник на овој тим

Нејмар: Бразил е најсилна репрезентација, мило ми е што сум предводник на овој тим

Најдобриот бразилски фудбалер во овој момент во својата татковина се опоравува од повредата на стапалото.

Токму Нејмар кој се очекува да биде предводник на Бразил (доколку повредата не се искомплицира) смета дека дека Бразил е најсилната репрезентација на Мундијалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Бразил е најсилен и мило ми е што ја предводам оваа репрезентација. Ќе направиме се за да стигнеме до титулата“, изјави напаѓачот на францускиот шампион ПСЖ во разговор за „Глобо Еспорт“.

„Постојат многу квалитетни фудбалери и Светското првенство е собир на најдобрите. Салах не игра за силна репрезентација, но може да има добро Светското првенство. Тука се одличните Роналдо, Меси, Азар, Суарез...Меѓутоа моите соиграчи Хесус и Кутињо се играчи кои и тоа како можат да направат разлика“, порача Нејмар.

Бразил на Светското првенство ќе игра заедно во група со Швајцарија, Костарика и Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …