Дел од шпанските медиуми се уште пишуваат за потенцијалниот трансфер на Нејмар во редовите на Реал Мадрид.
Претседателот на актуелниот шампион на Европа, Флорентино Перез прави се за најскапиот фудбалер во светот да го облече дресот на „кралевите“, но засега тоа баш и не му оди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа изгледа дека Перез не се откажува. Дали ќе му се исплати останува времето да покаже, но гласините кои ги поврзуваат Нејмар и Реал Мадрид никако не престануваат, а тоа може да биде и знак дека нешто се случува.
Сега „Дон Балон“ кој во Шпанија е познат по сензационалистичките вести објави дека Нејмар до Флорентино Перез поставил неколку услови до Перез.
Првиот наводно е заминување на Лука Модриќ, но и на уште тројца играчи. На неговата листа непожелни покрај Хрватот се Рафаел Варан, Марко Асенсио и Герет Бејл.
Нејмар не сакал да соработува и со Солари и „Дон Балон“ тврди дека Бразилецот му составил листа на Перез со тренери по негова желба и тоа биле Јоаким Лев, Јирген Клоп и Маурисио Покетино.
Оваа последната желба за тренерите можеби и не е некој голем проблем да биде исполнета затоа што Солари не е сигурен на клупата, а Покетино и Јоаким Лев се поврзуваа со Реал Мадрид. Лев беше актуелен додека се најавуваше отказот на Лопетеги, додека Покетино во медиумите се уште се поврзува со шпанскиот гигант.
Додека првиот услов навистина не изгледа реално, посебно не за Рафаел Варан и Марко Асенсио.