Дома Фудбал Италија Нестор: Сега ќе биде полесно на гости, очекувам 4-5 гола до крај на сезона

Нестор: Сега ќе биде полесно на гости, очекувам 4-5 гола до крај на сезона

Во изјава за италијанските медиуми Илија Несторовски порача дека се надева на повеќе минутажа по рестартот на сезоната во Италија.

Несторовски смета дека тоа што ќе има пет измени и згуснатиот распоред ќе биде причина да има поголема минутажа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Сега доаѓаме во нова ситуација. До крајот на сезоната имаме уште 12 натпревари и 5 измени. Ова значи дека голем дел од фудбалерите ќе добиваат поголема минутажа. Лично се чувствувам добро, работев за време на паузата, а сега ќе работиме колективно. Постигнав гол на тренинг натпреварот вчера. Имам самодоверба и очекувам барем 4-5 гола до крајот на првенството. Сега на гостински терен ќе бие полесно затоа што ќе ја нема публиката која е важен фактор“, изјави Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…