Дома Фудбал Италија Несторовски останува во Удинезе: Следната сезона ќе го исполнам ветувањето

Несторовски останува во Удинезе: Следната сезона ќе го исполнам ветувањето

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски потврди дека следната сезона ќе остане во Удинезе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Несторовски во првата сезона на „Фриули“ придонесе тимот да избори опастанок во Серија А, а следната сезона ветува двоцифрен број на погодоци.

„Кога пристигнав во Удинезе ветив дека ќе постигнам 10 гола по сезона но не го познавав тимот најдобро. Полека успеав да се адаптирам и почнав да влегувам во форма. Се надевам дека следната сезона ќе успеам да го одржам зборот и да постигнам двоцифрен број на голови“, изјави Нестровски.

„Голот против Јувентус? Ако ја видите акцијата, имавме 20 допири со топката, не беше класичен контранапад. Де Мајо ми рече дека погодокот против Јуве вреди за три, па еве имам пет“, се шегува македонскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Фото) Вардарци го кренаа шампионскиот пехар

Македонскиот фудбалски клуб Вардар во последното коло славеше со 3-0 против Шкендија, а по…