Дома Македонски спорт Мак фудбал Несторовски: Имав понуда од Црвена Звезда, но…

Несторовски: Имав понуда од Црвена Звезда, но…

Македонскиот репрезентативец и член на Удинезе, Илија Несторовски за српските медиуми откри дека имал понуда од Црвена Звезда.

Несторовски имаше опширно интервју за „Арена Спорт“, потврди дека имал контакти со клубот од Белград, но сака да остане во Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Точно е дека пред неколку месеци, имав понуда, медиумите пишуваа за тоа. Сега за сега јас се гледам во Италија, сепак тоа е лига која е во топ 5 во Европа. Нормално дека ми е драго што Црвена Звезда покажа интерес за мене но во моментов Италија е мојот избор. Тука ми е семејсвото, моите деца почнаа да одат во училиште, учат јазик… Но, никогаш не се знае што носи животот“, изјави Несторовски.

Македонскиот голгетер минатото лето пристигна во Удинезе како слободен играч од Палермо и има уште две години од договорот со италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …