Напаѓачот на македонската репрезентација, Илија Несторовски го даде своето мислење пред историскиот меч против Грузија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Несторовски тврди дека оваа генерација на фудбалери долго го чекала овој момент и дека големата желба може да биде одлучувачка.
„Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта“.
„Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат. Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на Грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство”, истакна Илија Несторовски.
Фото: ФФМ