Очекувањата сезоната во Серија А да продолжи кон крајот на месец мај се нереални, тврди експерт по инфектологија од Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред неколку дена претседателот на Италијанската федеација, Гравина изјави дека се надева тимовите да започнат со тренинзи во мај, а натпреварите да продолжжат кон крајот на мај.
Меѓутоа, директорот на Институтот по инфектологија, Џовани Реца тврди дека тоа е невозможно да се случи.
„Ако треба да направам експертски извештај, тој нема да биде во корист на тоа да има натпревари. Фудбалот е контактен спорт и ризикот од заразување е голем. Сметам дека месец мај е премногу рано. Крајната одлуча е на фудбалските власти, но ќе биде многу тешко“, изјави Реца.