Ситуацијата со Марсело Брозовиќ и неговиот трансфер во Ал Наср е една од оние со најмногу пресверти до овој момент.
Откако вчера поголем број медиуми објавија дека се е завршено и Брозовиќ ќе стане најплатениот Хрват со договор од 100 милиони евра, сега се случил пресврт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер и Ал Наср имаа договорена оштета од претходно која требаше да изнесува 23 милиони евра, меѓутоа сега од засега непознати причини, Саудијците на италијанскиот тим му понудиле 15 милиони, плус 13 како бонус, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Ќе потсетиме, со споменатиот договор вреден 100 милиони евра, Брозовиќ би станал најплатениот Хрват во овој момент.