Управата на клубот од југозападен Лондон, ова леѕо ангажираше четири нови фудбалер. Пристигнаа со ред, Вили Кабалјеро, Антонио Ридигер, Бакајоко и Алваро Мората.
Се чини тоа не е доволно, па Конте побара уште барем три засилувања, во прашање се тројца англиски фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред се, постигнат е договор се чини со фудбалерот на Арсенал, Алекс Окслејд Чембрлен.
Што се однесува до играчот за врска на Лестер, реализацијата на трансферот е се поблиску, со оглед на тоа дека „Лисиците“ се заинтересирани за фудбалерот на ПСЖ, кој би требало да го замени некогашиот фудбалер на Јунајтед на „Кинг Пауер“.
Последната мета на управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ е фудбалерот од средината на теренот на Евертон, Рос Баркли.
Овој 23-годишен англиски играч за врска не е во плановите на Куман, па не сакаше да го продолжи договорот со клубот, моментално е надвор од игра поради повреда, но Челси и покрај тоа сака да го ангажира.
„Плавите“ за неговите услуги подготвија понуда тешка 27 милиони евра.