Дома Фудбал Англија Нема стоп за Венгер: Уште сум отворен за нови играчи

Нема стоп за Венгер: Уште сум отворен за нови играчи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека „Топчиите“ и натаму се отворени за нови засилувања.

„Постојат два начини да го подобирме тимот, првиот е да анализираме што не сме работеле добро и заедно да се подобриме, а вториот начин е да донесеме нови играчи. Се уште сме отворени за засилувања“, истакна Венгер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Французинот додаде дека Арсенал мора да ја задржи рамнотежата во тимот за екипата да не се дестабилизира со доведувањето на нови играчи.

„Многу сме активни на трансфер пазарот, донесовме две засилувања. Мораме да ја одржиме рамнотежата и да не носиме во тимот премногу играчи“, заклучи Венгер.

Во Арсенал ова лето досега пристигнаа Сеад Колашинац и францускиот напаѓач, Александар Лаказет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот играч оваа зима, кој го посакуваат двата клубови од Манчестер, Ливерпул и Тоте…