„Плавите“ за услугите на фудбалерот на Рома, ќе исплатат 20 милиони евра, а дополнителни осум, „Волчицата“ ќе добие низ разни бонуси во следниот период.
Од друга страна договор со Един Џеко пак, не е постигнат. Челзи не сакаше да ги прифати условите кои ги постави 31-годишниот фудбалер и тој дефинитивно нема да ја засили екипата од „Стемфорд Бриџ“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За потсетување, Џеко од лондонскиот клуб бараше договор на две и пол години, Челзи нудеше една година, но поради не постигнат компромис, босанскиот напаѓач и во иднина ќе го носи дресот на Рома.
Сепак, на крајот Челзи успеа да купи еден играч на Рома. Фантастичниот лев бек Емерсон ќе стане нов член на тимот и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
На тимот од Лондон му останаа два дена од преодниот рок и ќе се обиде да пронајде соодветен напаѓач за својот тим. Неколку имиња се поврзуваат, па така на крајот ќе биде интересно да се почека кој ќе го облече плавиот дрес.