Дома Фудбал Останато Нема мир на релација Мадрид – Милано: Интер сакал да си го земе Модриќ без да плати?!

Нема мир на релација Мадрид – Милано: Интер сакал да си го земе Модриќ без да плати?!

Лука Модриќ, Интер и Реал Мадрид беа една од главните теми ова лето.

Сега, иако е јасно дека Хрватот нема да заврши на „Џузепе Меаца“, барем не во овој преоден рок страстите на релација Мадрид-Милано не смируваат.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, вечерва во реномираниот светски медиум „Гоал“ се појави изненадувачка изјава на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез на тема „Интер – Модриќ“.

„Интер ова лето сакаше да го добие Модриќ без да го плати. Вакво нешто навистина немам видено во досегашната кариера“, гласи изјавата на Перез која набрзо крена прашина во медиумите.

Не се чекаше долго за да се појави и одговор од другата страна, а дојде од легендата на „нероаѕурите“ кој и денес е дел од клубот, Хавиер Занети.

Аргентинецот порача дека доколку навистина Перез дал таква изјава, правдата ќе бара преку правните служби.

„Ако Перез навистина изјавил нешто такво, сериозно ќе размислиме правдата да ја побараме преку правните служби“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најголемите португалски екипи се збогуваа со Диого Жота

Ужасни вести ни пристигнаа утрово од Шпанија, најлошите можни. Фудбалерот на Ливерпул, Дио…