Дома Фудбал Италија Нема крај на проблемите со повреди во Милан

Нема крај на проблемите со повреди во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот Хакан Чалханоглу и Тео Хернандес го пропуштиле денешниот тренинг.

Тоа значи дека двајцата клучни играчи во тимот на Пиоли се под знак прашалник за мечот со Каљари, кој на програмата е во понеделник.

Ситуацијата со повредени играчи во Милан станува алармантна. Надвор од тимот поради повреда се Матео Габија, Исмаел Бенасер и Алексис Салемакер, а позитивни на Ковид се Анте Ребиќ и Раде Круниќ.

Пиоли за мечот со Каљари нема да може да смета и на Рафаел Леао, кој ќе одработува суспензија поради жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…