Дома Фудбал Англија Нема крај на проблемите: Одложени уште два натпревари во Премиер лигата!

Нема крај на проблемите: Одложени уште два натпревари во Премиер лигата!

Ковид-19 продолжува да прави сериозни проблеми во англиската Премиер лига и одложени се уште два натпревари.

Во 19. коло нема да се играат натпреварите помеѓу Ливерпул и Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд. Натпреварите требаше да се играат во недела од 13:30 часот меѓутоа се одложија по барање на Лидс и Вотфорд.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


И во двата клуба имаше голем број заразени фудбалери, па екипите беа принудени да ги затворат своите тренинг центри.

Со коронавирус проблеми има и Ливерпул и поради позитивни тестови на претходните три натпревари не играа Ван Дајк, Фабињо и Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…