Дома Фудбал Италија Нема крај на проблемите за Лукаку

Нема крај на проблемите за Лукаку

Ромелу Лукаку ова лето се врати во Интер како големо засилување, само една година откако беше продаден за 115 милиони евра.

Меѓутоа, Белгиецот нема среќа оваа сезона со повредите, па го пропушти готово целиот дел од сезоната пред мундијалската пауза.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После Мундијалот одигра два меча и се очекуваше конечно да се врати во старата форма, но повторно се пожали на повреда.

Лекарскиот тим на Интер утврдил дека Лукаку има воспаление на коленото, па 29-годишниот напаѓач ќе мора да паузира уште некое време.

Лукаку ќе мора да мирува и не е познато кога точно ќе се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…