Дома Фудбал Нема крај на „кошмарот“, Фати мора на нова операција

Нема крај на „кошмарот“, Фати мора на нова операција

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, во четврток повторно ќе има операција на коленото, поради која што ќе го пропушти Европското првенство.

Фати го повреди менискусот на левото колено во ноември и мораше да паузира четири месеци, по што паузата беше преместена на шест, а како што стојат работите сега не може да се предвиди точниот датум на неговото враќање.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ситуацијата се влошуваше во следните недели. Коленото се зарази систематски и болката не исчезнува. На крајот, тој се одлучи за нова операција, која беше во јануари.

Информациите од Шпанија велат дека Фати овој пат ќе биде опериран од лекар на репрезентацијата на Португалија, и дека се очекува да се врати на терените следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Медицинско чудо: Џуд Белингам веќе е готов за игра

Џуд Белингам веќе е целосно закрепнат и може да биде искористен од Чаби Алонсо во натпрева…