Денес со почеток од 18:30 екипите на Арсенал и Челзи го одиграа финалето од ФА купот на Англија.
И двата тима оваа средба ја започнаа со релатнивно познати состави. „Топџиите“ рано, уште во четвртата минута од средбата стигнаа до предност, а стрелец на голот од дискутабилна позиција беше Алекси Санчез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арсенал беше тимот кој создавше посериозни шанси, но и Челзи имаше свои моменти. На полувреме се замина со минимална предност за тимот на Арсен Венгер.
На полувремето како и поголемиот дел оваа сезона Конте знаеше како да ги мотивира своите фудбалери, па Челзи заигра значително подобро и беше подобриот тим на теренот.
Сепак Виктор Мосес заработи втор жолт картон и исклучување во 68 минута и донесе дополнителни проблеми за „сините“. Но, Челзи стигна до изедначување Диего Коста погоди во 76 минута.
Многумина веројатно тогаш помислија дека натпреварот ќе оди во продолженија, сепак Арон Рамзи се погрижи тоа да не биде така и само три минути по погодокот на Коста го доведе Арсенал до нова предност и победа.