Поранешниот германски репрезентативец Холгер Бадштубер кој освои бронза со Германија на СП 2010 најверојатно ќе ја продолжи кариерата во третата германска лига.
Според информациите од германските медиуми Бадштубер е пред потпис со екипата на Дуизбург. Минатата сезона Бадштубер ја помина во регионалната лига како дел од вториот тим на Штутгарт.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На 19 години Бадштубер дебитираше во Бундеслигата, а подоцна стана важен дел од тимот кој ја освои титулата во првенството и купот и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.
Веројатно неговата кариера ќе беше и многу подобро ако не беа големите проблеми со повредите.