Со оглед на тоа дека ниту во негово време Англија не беше фудбалска сиа каква што мисли дека е, а тоа се 90те години од минатиот век, Пол Мерсон смета дека сега е уште послаба.
Иако Англичаните се на чекор од пласман на Мундијалот во Русија и за виза им е доволен само уште еден освоен бод, овој некогашен репрезентативец смета дека Англија не припаѓа во врвот на Светскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сликовито објасни и зошто.
„Погледнете само кој игра за репрезентацијата. Дојде време во неа да има место и за еден Чембрлејн. Во мое време тоа беше незамисливо. Ми се чини никогаш не било потешко да се направи добар тим од сега. Имаме многу играчи кои во многу клубови даваат одреден придонес, но немаат квалитет на врвни играчи“, истакна Мерсон.
Оваа негова забелешка може да се примети и на некои претходни генерации од блиското минато во кои беа звучни имиња. Така на пример, Ерик Кантона своевремно изјави дека Англија не може да направи ништо големо и да не се занесува бидејќи Челзи не би бил моќен поради Тери и Лампард, туку поради Дрогба и Малуда.