Дома Топ вести Недостасува уште еден детал: Барса и Интер договорија трампа на деценијата

Недостасува уште еден детал: Барса и Интер договорија трампа на деценијата

После неколку седмици тешки преговори Барселона и Интер се многу блиску до договор за трансферот на Лаутаро Мартинез на „Камп Ноу“, пренесува каталонски „Спорт“.

Весникот открива дека трансферот ќе се реализира за 60 милиони евра плус двајца играчи на Барса кои ќе се преселат во Милано.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едниот фудбалер ќе биде Артуро Видал, па сега останува уште двата клуба да се договорат кој ќе биде вториот фудбалер кој ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Интер сака да го донесе младиот десен бек Емерсон, кој игра одлична сезона како позајмен фудбалер во Бетис. За тоа Барса ќе треба да му плати 6 милиони евра на Бетис, за прекинување на позајмицата.

Друг фудбалер за кој разговараат двата клува е Нелсон Семедо, но неговата цена е многу повисока и тој сака да се пресели во Премиер лигата.

Се очекува во наредните недели двата клуба комплетно да ги договорат сите трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…