Maнчестер Јунајтед во саботата во рамките од 6. коло од Премиер лигата изненадувачки изгуби од Астон Вила со 1:0 и така пропушти да го преземе врвот на табелата.
Во финишот од овој натпревар Бруно Фернандеш промаши пенал. Легендарниот фудбалер на Јунајтед, Гери Невил беше еден од оние кои ја критикуваа играта на „црвените ѓаволи“ во овој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јунајтед нема да да биде шампион. Тоа го зборував и кога победуваа, кога Роналдо постигнуваше голови. Тие едноставно не играат доволно добро како тим, а тоа е клучно за да се освои лигата. Мора да се има јасен план и стил на игра, сега гледаме само група добри индивидуалци кои наликуваат на некој тим“.
„Има повеќе нови играчи како што се Роналдо, Санчо и Варан. Тие мораат да се прилагодат, но и да се трудат да станат дел од тимот. Само во такви околности можеш да добиеш натпревар и во кој не си играл добро. Погледнете ги Челзи, Сити и Ливерпул. Тоа се екипи во во вистинската смисла на зборот. Не зборувам дека Јунајтед не се труди, но Оле мора да индивидуалците да почне да прави екипа“, изјави Невил.