До почетокот на Светското првенство остана уште помалку од два месеци, а организаторите во Катар се уште не се во целост завршени со работата околу стадионите.
Во овие моменти се привршува со сместувачките капацитети за навивачите од целиот свет. Англиската телевизија денес емитува документарец за условите на градилиштата. Еден од соговорниците беше Гери Невил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот англиски репрезентативец, не можел да поверува што се случува додека сам не видел. На Невил не му се верувало дека тоа што се случува може до толку да се сокрие од очите на Западот. Тој посебно е разочаран од условите во кои престојувале работниците.
„Тоа се некои мали кабини во кои делот за спиење е оделен со завеса, а внтаре има некој мал ормар. Кога ќе го видите богатството во кое живее оваа земја и тогаш ќе видите како живеат овие луѓе кои ги градат стадионите и кои најмногу се жртвуваат…Не можете да си поверувате, тоа е нееднаквост каква што не можете да замислите, шокантно…Тоа на никој не може да биде дом“.
Работниците во Катар се плаќаат околу 270 долари месечно, најголем дел од сумата тие испраќаат на своите семејства во југоисточна Азија.
„Мене тоа ме вознемирува. Градот троши толку пари на се друго, додека овие луѓе живеат во нечовечки услови. Не би сакал било кој да познавам, а не пак член на моето семејство да биде сместен во такви сулови. Мислам дека никаде во светот не постои таква разлика помеѓу животните услови, а нема причина да биде така затоа што Катар е пребогата земја“, изјави Невил.