Maнчестер Сити и Ливерпул до последното коло ќе се борат за шампионската титула во Премиер лигата.
„Црвените“ во овој момент се први на табелата со 85 бодови и имаат два бода повеќе од Сити, но и натпревар повеќе во однос на тимот од „Итихад“. Заостанатиот натпревар Сити ќе го игра против градскиот ривал Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и во Ливерпул се надеваат дека „граѓаните“ тука можат да „кикснат“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул на титула во англиското првенство чека скоро 30 години и навивачите се надеваат дека конечно е дојдено времето за овој трофеј да заврши на „Енфилд“. Многу надеж положуваат во натпреварот на „Тетарот на соништата“, односно дека Солскјер ќе го запре Гвардиола.
За овој натпревар веќе се зборува, многу реакции предизвика поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил кој со својата изјава ги налути навивачите на Ливерпул.
Невил порача дека тој натпревар нема да одлучи ништо и дека Солскјер треба да ги одмори своите првотимци поради тешкиот распоред кој го има до крајот на сезоната.
„Ако изгубат од Челзи, а го победат Сити тогаш се во топ четири. Сепак, ако го победат Евертон во недела тогаш ќе се променат приоритетите кај Солскјер. Не можеш да играш четири натпревари во 11 денови со исти играчи. Ако го победат Евертон мислам дека против Сити треба да одморат поголем дел од првотимците“.
„Меѓутоа, не кажувам дека треба да се предадат бидејќи тоа сепак е градско дерби. Но, јасно е дека Солскјер ќе мора да одмори некои играчи, само не е познато на кој натпревар ќе се одлучи тоа да го направи. Јас мислам дека тоа ќе биде против Сити“, смета Невил.
'@ManUtd, @Everton and Sky Sports – you're all desperate to stop @LFC winning the league!' ?
"It's been Liverpool TV for the last month!" ?@Carra23 isn't having @GNev2's suggestion that @ManUtd should be resting players against @ManCity…? pic.twitter.com/GsflXYMyct
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 16, 2019