Дома Фудбал Англија Невил: Манчестер Јунајтед не може да биде шампион бидејќи не е тим

Невил: Манчестер Јунајтед не може да биде шампион бидејќи не е тим

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека „црвените ѓаволи“ не може да станат шампиони во Премиер лигата оваа сезона.

Невил смета дека во тимот има индивидуална класа, но фудбалерите на Солскјер се уште не играат како тим.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Кажував дека според мене не играат добро за да бидат шампиони и кога Јунајтед победуваше. Играчите треба да бидат една целина и кога ја имаат топката и кога не ја контролираат. Јунајтед има потреба од модел и начин на игра“.

„Во моментов јас гледам само група на индивидуалци кои само на одедени моменти покажуваат дека се тим. Во составот има нови луѓе како што се Роналдо, Варан и Санчо кои треба да оформат стил на игра. Тогаш може да постигнуваш резултати дури и кога не играш добро“, истакна Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Олмо погоди, Шпанија доаѓа во водство🎥

После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија доаѓ…