Дома Фудбал Италија НЕВЕРУВАЊЕ во Милано: Кеси не ги помина лекарските прегледи, лажел за годините?

НЕВЕРУВАЊЕ во Милано: Кеси не ги помина лекарските прегледи, лажел за годините?

Франк Кеси во текот на вчерашниот ден требаше да потпише договор со екипата на Милан, но се појавија компликации при лекарските прегледи.

Наводно, лекарските прегледи не биле проблем затоа што имал здравствени проблеми, туку затоа што, верувале или не, во Милано се сомневаат дека е цели пет години постар одколку што пишува во документите, пренесуваат некои медиуми.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претходно Мароканците на младинското првенство во Африка се жалеа дека Кеси е пет години постар, а сега во Милан се сомневаат и сакаат да дознаат колку навистина години има Кеси.

Тој официјално е роден на 9 декември 1996 година, а Марокоанците тврдат дека тој е роден 1991 година и сега има 26 години.

Кеси минатата сезона настапуваше за Аталната и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Сепак од Милан попладнево ги смирија фановите и истакнаа дека станува збор за рутински медицински прегледи и физички тестови, па утре играчот ќе биде во тренинг центарот „Миланело“ и дека нема никаков проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…