Дома Топ вести НЕВЕРОЈАТНО: Семоќниот Меси го блокира проширувањето на аеродромот во Барселона

НЕВЕРОЈАТНО: Семоќниот Меси го блокира проширувањето на аеродромот во Барселона

Директор на шпанска авиокомпанија, Санчез Прието, ја обвини ѕвездата на Барселона, Лионел Меси дека блокира проект за проширување на градскиот аеродром.

Според него, фудбалерот не бил согласен да прелетуваат авиони над неговиот дом, кој е на околу 10 километри од аеродромот „Ел Прат“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Очигледно не може да се лета таму каде што живее Меси. Ова го нема никаде во светот, но тука очигледно е така“, изјави Прието за „Марка“.

Се претпоставува дека Меси ги искористил своите врски со еколошките организации за да помогне да го блокира проширувањето на аеродромот.

Имотот на Меси се наоѓа во населбата „Кастелдефелс“, каде соседи му се неколку негови соиграчи, меѓу кои е и неговиот најдобар пријател Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот …