Сега е официјално, Манчестер Сити, одноно неговите арапски сопственици во своја сопственост додадоја уште еден клуб.
Овој пат целта беше Кина, го купија Сичуан, третолигашот кој своевремено беше и во втора лига, па падна во четвртиот ранг, а сега сигурно дека веднаш ќе нападне за да се врати во втората лига.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сити отвори уште пред две години претставништво во Шангај, бараа клуб кој во иднина може да биде и сила во кинескиот фудбал, односно има добра инфраструктура, изборот падна на Сичуан кој има стадион за околу 40,000 луѓе и е најразвиен во регионот во западна Кина.
Освен Сичуан и Манчестер Сити, „Сити груп“ во своја сопствеост има акции во шпанскиот прволигаш Жирона, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Јокахома Мариноса и уругвајскиот Атлетико Торкеа.