
Од Германија ни доаѓа една неверојатна фудбалска приказна, откако Хјаник Камба, поранешниот фудбалер на Шалке, се појави жив и здрав четири години откако се веруваше дека загинал во собраќајна несреќа.
Хјаник Камба беше прогласен за мртов по една сообраќајка во 2016 година која се случила во неговата родна држава, Конго.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Сепак, сега четири години откако Камба беше прогласен за мртов, како што пишува „Билд“ тој бил пронајден жив во областа Рур во Германија.

Поранешниот десен бек се појави во германската областа Рур, каде што почнал да работи во една енергетска компанија и на колегите почнал да им раскажува за неговата „лажна смрт“, јавува „Билд“.
Неговото семејството пред четири години од осигурување добило голема сума на пари. Осигурителните компании се сомневале во посмртницата на Камба, но сепак исплатиле сума од шест цифри на неговата сопруга.