Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, им забранил на вработените во клубот да шират информации за него и 70 години по неговата смрт, соопшти „Notisijas ao Minuto“.
„За мене нема да се каже ниту збор, дури и кога ќе бидам починат. Во спротивно следува казна“! Навидум бизарно барање, но со оглед на тоа дека доаѓа од Кристиано Роналдо тогаш се е можно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според истиот извор, за да се заштити Роналдо со секој од вработените потпишал договор, кој забранува ширење информации поврзани со неговиот приватен живот. Доколку некој го прекрши договорот ќе се соочи со казна од најмалку 300.000 евра!
„Notisijas ao Minuto“ пишува дека ваквите договори со вработените во Реал Португалецот ги потпишувал по објавувањето на документите од страна на „Football Leaks“ дека ги користел услугите на офшор компаниите од Девствените Острови, преку кои затајувал данок од рекламните договори.