Далас Маверикс доживеаа убедлив пораз од Чикаго Булс со резултат 117:101 на свој паркет, но Лука Дончиќ беше неверојатен.
Талентираниот Словенец запиша нов трипл-дабл и го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, иако тоа не им помогна на Мавси да го избегнат шестиот пораз во сезоната. Далас подобро го отвори натпреварот, водеше седум разлика, но Булси потоа ги свртеа работите во своја корист и на пауза заминаа со плус четири 23:27.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во втората четвртина Булси направија предност и водеа со двоцифрена разлика, во еден момент имаа и максимално +19 (58:39). На полувреме имаа предност од 67:52.
Домаќинот потоа не успеа да го намали заостанувањето ниту на едноцифрен број, па мораше да им честита на гостите од Чикаго на овој триумф.
Марканен ги предводеше Булси со 29 поени и 10 скоквои, додека Темпл додаде 21 поен, а Јанг уфрли 15. Лука Дончиќ за Далас постигна дури 36 поени, подели 15 асистенции и успеа да запише 16 скокови за 37 минути поминати на паркетот. Сепак, како што кажавме на крајот тоа не беше доволно за разиграните Булси.
Слично како и Дончиќ и Никола Јокиќ имаше фантастични бројки, но неговиот Денвер изгуби од Јута со 105. На Јокиќ му недостасуваше само еден скок за учинок од трипл-дабл. Српскиот кошаркар уфрли 35 поени, 14 пати асистираше и запиша 9 скока.
Во останатите два натпревари Њу Орлеанс славеше против Сакраменто со 123:128, а Клиперси на свој терен беа подобри од Индијана со 129:96.