Дома Топ вести Неверојатен податок за Барса: Што ќе каже Реал на ова?

Неверојатен податок за Барса: Што ќе каже Реал на ова?

Барселона веќе неколку години го носи надимакот „Уефалона“ поради наводни попусти од европските судии, но од денес може да го носи и надимакот „Приметалона“ поради неверојатниот податок кој го „ископаа“ шпанските медиуми.

Имено, во изминатата година дена против Барселона досуден е само еден единствен пенал!

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пред точно 370 дена на Селта и е свирнат удар од белата точка против Барса, а Гуидети беше сигурен реализатор.

Никој не помислуваше дека тоа ќе биде последен пенал свирнат против Барселона, а не дека судиите немаа основа да покажат на белата точка.

Медиумите најмногу ги издвојуваат стартовите на Маскерано над Лукас Васкез и Роналдо во „Ел Класико“, како и оние на Умтити над Пициани на „Местаља“.

Импресивен е и податокот дека против Хавиер Маскерано не е досуден пенал цели 5 години! Последен пат тоа се случило во 2012 година против Депортиво.

Статистиката ја толкува кој како сака, понекогаш таа кажува СЕ, а понекогаш НИШТО.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…