Дома Останати Кошарка Неверојатен натпревар на Лејкерс. Губеа со 22 разлика и убедливо славеа

Неверојатен натпревар на Лејкерс. Губеа со 22 разлика и убедливо славеа

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до втората победа во вториот сезонски натпревар во НБА, по чудесен пресврт пред своите навивачиго совладаа Феникс Санс. Во втората четвртина Лејкерси имаа негатива од 22 поени, а натпреварот го добија во своја полза со резултат 123:116.

Санс одлично го отворија дуелот и стрелаа со 15/22 за да стигнат до 15 поени предност во првата четвртина, а на почетокот на втората зголемија на 48:26. Нешто подоцна почна пресврт кој ќе резултира со убедлива победа на домашните. До полувремето Лејкерси ја намалија предноста на Санс на едноцифрен број поени, а на почетокот на третата четвртина накратко поведоа.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Следуваше серија на гости за нова предност, но од последните минути од третата четвртина до крајот на натпреварот Лејкерси ја презедоа контролата и ја зголемија разликата која во еден момент изнесуваше 12 поени. Во последната минута од натпреварот беа 121:111.

Ентони Дејвис со 35 поени и осум скока, Остин Ривс со 26 поени и осум асистенции и Леброн Џејмс со 21 поен и осум асистенции беа најдобри во пресвртот на Лејкерси. За Санс Кевин Дурент постигна 30, а Девин Букер додаде 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Генијалност: Јокиќ ги воодушеви Американците со асистенција преку целиот терен 🎥

Тимот на Денвер претрпе убедлив пораз на почетокот од новата сезона, а на Нагетс не им пом…