Од денес и официјално започнува ерата на Карло Анчелоти во Наполи. Трофејниот стратег потпиша тригодишен договор и веднаш почна да работи на новите засилувања.
Готово сите италијански медиуми денес ги открија истите имиња кои Анчелоти ги побарал од претседателот Де Лаурентис како засилувања во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за четири големи ѕвезди со кои Наполи сигурно ќе може следната сезона да се бори на сите три фронта.
Првата желба во одбраната е Давид Луиз од Челзи. Бразилецот оваа сезона беше во немилост на Конте и е спремен да ја промени средината, а Анчелоти добро ги поснава неговите квалитети.
Најголемото засилување во средниот ред треба да биде Артуро Видал, кој нема да го продолжи договорот со Баерн и најверојатно ќе ја промени средината. Баварците се спремни да го продадат доколку пристигне понуда од 50 милиони евра, а Наполи е спремен да ја плати таа сума.
„Газета дело Спорт“ тврди дека веќе е завршена работата со трансферот на Сусо од Милан. Шпанецот има откупна клаузула од 40 милиони евра и наводно веќе се договорил со Наполи.
Офанзивниот дел на тимот би требало да биде засилен уште со младата италијанска ѕвезда Федерико Киеса, кој блесна во Фиорентина и важи за најголем талент на Апенините.
Притоа, Анчелоти побарал од претседателот да останат сите најважни фудбалери на тимот и единствено дал зелено светло за заминувањето на Хамшик.
Доколку навистина успее да го донесе сите овие засилувања, мора да се признае дека Наполи следната сезона ќе изгледа „страшно“.