Во Рио малку фалеше да се случи сензација. Прескапо платените НБА ѕвезди сосема тесно ја победија репрезентацијата на Србија со 94:91. Богдановиќ во последниот напад промаши за три, по што ќе следеа продолженија.
Првата четвртина беше пресудна за мечот, бидејќи Србите дозволија негатива од неверојатни 18 разлика (23:5, а потоа 27:9), но до крајот на првиот дел успеаја да намалат на 27:15. Во втората четвртина се гледаше сосема различна слика, нашиот северен сосед успеа да фати приклучок и да се доближи на минус 5, кои ги одржуваше до самиот финиш, кога дојдоа на само три разлика.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Предводени од Никола Јокиќ и неговите 25 поени, како и Милош Теодосиќ и Мирослав Радуљица кои уфрлија по 18 поени, Србите имаа можност да се изборат за продолжение. Но, шутот за три поени со звукот на сирената Богдан Богдановиќ не го погоди па Американците забележаа победа со 94-91.
Во составот на САД најефикасен беше Ирвинг со 15 поени, Џордан постигна 13.
Во првиот натпревар од оваа група Австралија ја победи Кина со 93-68, а Франција беше подобра од Венецуела со 96-56.
Табела: САД 8 бодови, Австралија 7, Франција 7, Србија 5, Венецуела 5 и Кина 4.