Манчестер Јунајтед вчера доживеа нов пораз и тоа на гостувањето кај Вест Хем, каде што беа поразени 3:1.
„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во многу тешка ситуација на почетокот на новата сезона, бидејќи покрај лошите резултати и атмосферата во екипата е многу лоша. Тоа вчера можеше да се забележи и на натпреварот против Вест Хем, каде што на Јунајтед ништо не му одеше како што замислија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најдобар показател е корнерот кој во второто полувреме го изведе Ешли Јанг на резултат 1:0 за домашната екипа. Наместо неговиот центаршут да биде опаснот за Вест Хем, на крајот му направи проблем на својот тим.
Јанг го намести во контра домашниот тим, бидејќи топката му ја додаде на Нобл, а на крајот Арнаутовиќ беше во прилика да го совлада Де Геа, но за среќа на Јанг лошо шутираше. Сепак, корнерот на фудбалерот на Јунајтед веднаш стана хит на интернетот.
Ashley Young with possibly the worst corner in football history… pic.twitter.com/SWkN5HrryQ
— James John (@JamesJohn2427) September 29, 2018