Дома Трансфер зона На „Чизмата“ тврдат: Де Лаурентис одбил 103 милиони евра од Манчестер Јунајтед!

На „Чизмата“ тврдат: Де Лаурентис одбил 103 милиони евра од Манчестер Јунајтед!

Калид Кулибали важи за еден од најдобрите стопери во овој момент, а во Наполи овој играч го ценат исклучително многу.

„Кориере дело Спорт“ утрово пренесе информација дека Манчестер Јунајтед во потрагата по стопер испратил понуда за Кулибали и тоа од 103 милиони евра! Сепак одговорот од Неапол бил – не!

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Жозе Мурињо веќе подолго време бара по централен дефанзивец се споменуваа голем број имиња. Според информациите на споменатиот медиум, Кулибали бил негова голема желба, но Португалецот морал да се откаже.

Оваа информација на „Кориере дело спорт“ доаѓа само неколку дена после изјавата на Жозе Мурињо за денешните цени на играчите.

„На пазарот немате што да барате ако не понудите луди суми. Во спротивно ќе морате да се задоволите со играчи од втора класа, но и за играч од тоа ниво ќе ви бидат потребни многу пари“, изјави неодамна Жозе.

https://youtu.be/bEbxUAsOueQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…