Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку минатото лето од Евертон се пресели меѓу „црвените ѓаволи“, а неговиот пат го одредила и африканската вуду магија.
Кога ќе се спомене вуду магија прво што ни паѓа на памет е кукла и луѓе кои со убоди сакаат да му наштетат на некого. Дали тоа било случај и со Лукаку не е познато, но сопственикот на Евертон Фархад Мошири Белгиецот поради суеверие решил да си замине од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изгубив две лета со Ромелу обидувајќи се да го задржам. Прво го убедував три месеци, па се согласи да остане уште една сезона. Минатото лето му понудивме повеќе отколку што нудеше Челзи, но тој сакаше да оди. Нема да ми верувате што се му понудивме. Но во текот на состанокот му се јави мајка му од Африка и таму преку вуду магија и било откриено дека треба да замине и да потпише за Манчестер Јунајтед“, изјави Мошири.
„Што можевме да направиме? Замина во Лос Анџелес и не сакаше да се врати, го загуби паметот“, додаде сопственикот на Евертон.
Минатото лето за потписот на Лукаку се интересираа Манчестер Јунајтед и Челзи, а напаѓачот се одлучи да се пресели на „Олд Трафорд“.
RT @TheSunFootball: Everton owner reveals Romelu Lukaku wanted to join another club over Man Utd https://t.co/mF3mhGx7Wn pic.twitter.com/vphcIwHCFP
— Big Pann (@OsuKwakwe) January 10, 2018