Дома Топ вести На Роналдо му се заканува суспензија и пропуштање на „Ел Класико“

На Роналдо му се заканува суспензија и пропуштање на „Ел Класико“

Играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се соочува со суспензија и со тоа да го пропушти „Ел Класико“ против Барселона на 23 април, бидејќи на дербито во саботата против Атлетико Мадрид му се развика на судијата.

Роналдо некоректно се однесуваше кон судијата Рикардо де Бургос, по една негова одлука да досуди гол-аут и топка за противникот.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Според пропозициите на Ла Лига доколку играч изрази непочитување кон судијата или официјлано лице на натпревар, може да биде казнет со 2 до 3 натпревари или еден месец неиграње.

За Роналдо постои опасност да го пропушти дуелот со Барселона (23 април) и доколку на следниот натпревар против Реал Сосиедад добие жолт картон. Можно е исто како и пред дуелот со Атлетико Мадрид, тренерот Зиндеин Зидан да го изостави од тимот напаѓачот. Реал Мадрид во среда гостува кај Баерн Минхен во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…