Според пишувањата на англиски „Сан“, за фудбалерот на Тотенхем, Трипие е заинтересиран ниту помалку ниту повеќе, туку Реал Мадрид.
Оваа бомба ја пласираше таблоидот кој смета дека Спарси ја разгледуваат понудата од 50 милиони фунти за 27-годишниот десен бек доколку таква воопшто пристигне.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал како Реал, со финансиите никогаш немал проблем, а можеби темел на целата приказна би дало и изданието на Трипие на неодамна завршениот Мундијал во Русија каде беше еден од најзабележаните играчи во репрезентацијата на Англија.
Самиот игра го потврди интересот од Кралскиот клув, но не сакаше да коментира ништо повеќе од тоа.
Информацијата делува помалку чудно со оглед на тоа дека Реал веќе го донесе Одризол од Сосиједад за 40 милиони евра, а Дани Карвахал остана и ќе биде стандарден член на првата постава и во следната сезона.
Трипие директно учествуваше во неколку погодоци за „Гордиот Албион“ а секако најубав е оној кој го постигна во полуфиналето против Хрватска од слободен удар.