Дома Македонски спорт На ракометен натпревар во Македонија се постигнаа 92 гола!

На ракометен натпревар во Македонија се постигнаа 92 гола!

Ракометниот натпревар од Првата лига од Б групата (второ по ранг натпреварување) помеѓу Радовиш и Партизан Гевгелија го привлече вниманието на македонската ракометна јавност.

Имено, овој натпревар ќе се памети по големиот број постигнати голови. Средбата заврши со резултат 56:36. Така во 60 минути двете екипи успеаа да постигнат дури 92 гола што е навистина многу.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Нема официјална информација, но ова многу веројатно може да е ракометниот натпревар со најмногу постигнати гола одигран во Македонија.

Ако се пресмета просекот, голови се постигнувале на секои 40 секунди. Со оглед на резултатот и не е чудно што дури четворица ракометари од двата тима имале двоцифрен број на голови.

Зоран Стојановски и Иванче Ончев постигнаа по 10 за радовиш, додека Васил Зајков и Ѓорѓе Банцалиски со 14, односно 10 беа најефикасни во составот од Гевгелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…