Хрватскиот фудбалер од редовите на Барселона зборуваше за шпанските медиуми и имаше само пофални зборови за неговиот тим и неговиот соиграч Лионел Меси.
На играта на Барселона ретко кој може да остане рамнодушен или ги сакате или ги мразите, трето нема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, критичарите се оние кои се погласни, посебно во моментите кога на Барселона не и оди. Но, Иван Ракитиќ имаше порака до сите оние кои ја критикуваат нивната игра.
„Знаете што, кој не ја сака Барселона и нејзината игра, тој не сака фудбал“, изјави Ракитиќ.
Ракитиќ веројатно беше малку повеќе остар, но јасно е дека му е доста од критиките бидејќи Барселона во овие моменти игра навистина фантастично, предводени од Лионел Меси кој до овој момент на осум натпревари постигна 12 погодоци во сите натпреварување.
„Многу сум среќен што како плејмејкер имам чест да играм со најдобрите напаѓачи во светот. Сите знаат колку брилијантен е Меси, но верувајте ми она што го изведува на тренинзите е 50 пати подобро од она што го прави на натпреварите. Мене ми претставува вистинско задоволство што имам прилика да играм со играч како него во ист тим“, заврши Ракитиќ.