Манчестер Сити се споменува како потенцијална дестинација на многу играчи, не само следното лето, туку веќе и во јануари.
Како што се наведува, Англичаните загризаа за Де Лихт и Де Јонг од Ајакс, а цифрите кои се споменуваат во тимот се вртоглави.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Без оглед на сето тоа, менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста за доведување на нови играчи во јануари.
„Нема да купуваме во јануари, нема шанси. Среќен сум со оваа екипа, ни се враќаат некои играчи по повредите, така што нема да купуваме.
Кога ја направивме оваа екипа на стартот од сезоната, идејата беше на зима да не купуваме никого, освен ако имаме некој проблем. Меѓутоа, имаме многу играчи кои се подготвени да играат во секој момент и на кои им верувам без оглед на малата минутажа“, заклучи Пеп.
Ќе видиме дали ова е само потег кој би ги „заспал“ ривалите на пазарот или Сити навистина работи по план.