Дома Топ вести На повидок пресврт: ПСЖ му нуди 160 милиони на Мбапе

На повидок пресврт: ПСЖ му нуди 160 милиони на Мбапе

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе никако да престане бидејќи ПСЖ не се откажува од намерата да го задржи во своите редови.

Медиумите изминатите денови со голема сигурност објавија дека Мбапе на лето како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид, па дури открија и детали од договорот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Меѓутоа, ПСЖ не се откажува и според последните информации спремил последна понуда и се надеваат дека ќе успеат да го убедат да се предомисли и да остане.

„Паризиен“ објави дека управата на клубот му понудила на Мбапе нов двегодишен договор според кој би заработил 160 милиони евра и сега се чека одговор на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…