Eрлинг Халанд е напаѓачот кој ја воодушеви Европа со своите настапи прво во Салцбург, а сега во Борусија Дортмунд. Но, наскоро на фудбалската сцена може да блесне и неговиот помал братучед, Алберт Браут Чоланд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чоланд е член на мал норвешки клуб, има 16 години и засега игра одлично. Во последниот викенд дебитираше за првиот тим Брин откако претходно јуниорска категорија постигна 30 гола на 22 натпревари.
„Од мал сакав да заиграм за првиот тим. Навистина се случи брзо, не очекував дека еден месец откако ќе наполнам 16 години ќе добијам шанса. Халанд ми е голема инспирација, тоа што го прави е лудо“, изјави Чоланд.
Чоланд е висок 185 сантиметри и останува да видиме како ќе се развива.