Трансферот на Иван Перишиќ од Интер во Манчестер Јунајтед сеуште не е договорен, но италијанските медиуми најавуваат дека е многу блиску до реализација.
Жозе Мурињо сака што побрзо да го донесе хрватскиот репрезентативец за да може да смета на него во американската турнеја на која Манчестер заминува на почетокот на јули.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Перишиќ е приоритет на „Специјалниот“ за ова лето, па сака што е можно подобро да го сврти во тимот.
Перишиќ веќе има договор со „црвените ѓаволи“, но клубовите не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Интер не сака да ја спушти цената под 55 милиони евра, додека Јунајтед во овој момент е спремен да плати 40 милиони евра.
Меѓутоа Мурињо сака што е можно побрзо да се комплетира трансферот, па можно е двата клуба во следните неколку дена да ја „испеглаат“ разликата.