Дома Фудбал Англија На Островот најавуваат – пресврт во ситуацијата со Салах!

На Островот најавуваат – пресврт во ситуацијата со Салах!

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах најави заминување од клубот по крајот на сезоната.

Причината е едноставна – никој не му пристапил со предлог за нов договор, а актуелниот му истекува на крајот од сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изјавата на Салах во која зборуваше дека можеби ја игра својата последна сезона во Ливерпул ги загрижи навивачите, меѓутоа можеби беше и аларм за луѓето во раководството.

Сепак, според информации од Англија, постојат индиции дека преговорите ќе започнат во наредните недели. Салах би бил прв на листата, но би требало да се започнат и преговори со Ван Дајк и Трент Александар Арнолд.

Засега не е познато какви услови Ливерпул ќе им понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

Владимир Шмицер, легендарна фигура на Чешка и освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул,…