Екипата на Палермо за која настапува нашиот Илија Несторовски би можела да заврши под стечај поради финансиски долгови.
Овој клуб сезоната ја заврши во хаос, испадна од Серија А, а претседателот Маурисио Зампарини и спортскиот директор Никола Салемо си поднесоа оставки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми, обвинителството отвори истрага бидејќи кредиторите приложија жалба за неисполнување на обврските на клубот, а долгот наводно изнесува околу 120 милиони евра.
Покрај тоа дополнителен проблем за Палермо е што наредната сезона нема да настапува во Серија А, па така и ќе има значително намалување на приходите од ТВ правата.
Спасот е брза продажба на клубот, а она што дополнително ги загрижува луѓето во Палермо е што клубот сеуште не ги исполнил условите за натпреварување во Серија Б, а истите мораат да бидат исполнети до 30 јуни.